ФОТО: Ова се славни личности чие име не би смееле да го "гуглате"

"MCAFFE", позната компанија за он-лајн заштита, и оваа година на својата страна објавила листа од најопасни славни личности за пребарување на интернет, за да ги заштити корисниците и да ги предупреди на страните на кои може да "закачат" компјутерски вирус.

Првото место оваа година го заземала актерката Руби Роуз позната по улогата во серијата "Orange Is The New Black". Во чекор ја следи ријалити ѕвездата Кристин Кавалари, додека на третото место е актерката Марион Котилард, а на четвртото место е нејзината колешка Линда Картер. 

Актерките Роуз Бирн и Дебра Месинг се нашле на петтата и шестата позиција, додека Кортни Кардашијан е сместена на седмото место.

Поранешната сопруга на Џони Деп, Амбер Херд, е осма на листата најопасни личности за пребарување, а зад неа се актерката Кели Рипа и единствениот маж на листата, Бред Вилијам Хенке.

Главната личност за корисничка безбедност во оваа компанија, Гери Дејвис, им порачал на корисниците на пребарувачите добро да промислат пред да кликнат на на нешто и да обратат внимание на ажурирањето на сите безбедносни поставки кога ќе станат достапни.

Коментари

Популарно