Инфомакс: Со „помош“ на СЈО, вратен пасошот на Сашо Мијалков

Порталот Инфомакс.мк, денска објави информација дека обвинетиот Сашо Мијалков го добил назад својот пасош.

Во текот на вчерашниот ден, додека се подготвуваше седницата на Централниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ и обидот на Мијалков за смена на актуелниот претседател, Мицкоски, СЈО го “награди” обвинетиот со враќање на патната исправа.

Имено по објавата на истражните постапки од страна на СЈО и Катица Јанева, на Сашо Мијалков, поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање како времена мерка за претпазливост, на барање на СЈО, Кривичниот Суд Скопје му ја одзеде патната исправа – пасош како мерка за безбедност.

Вчера низ т.н. независна, законска и проевропска, ЕУ интегративна процедура со одобрение на СЈО и Јанева, судот му го вратил пасошот на Сашо Мијалков.

Во образложението стои дека патната исправа му треба за да комуницира со странство како стопанственик и дека тоа нема да влијае врз редовното присуство на рочиштата.

Судот по консултации со СЈО и Јанева ја прифатил “променетата” позиција кон обвинетиот.

Сашо Мијалков е прво осомничен во целокупниот процес на нелегално прислушкување разговори поради кој и се формираше СЈО а и поради кој падна владата на Никола Груевски.“

Од СЈО ја негираат оваа информација: 

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) нема дадено согласност за враќање на пасошот на Сашо Мијалков , информираат за МИА од СЈО.

Претходно и од Основниот суд Скопје 1 за МИА потврдија дека Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 не постапувал по барање за укинување на мерката за претпазливост на Сашо Мијалков.

– Во однос на информациите поврзани со лицето С.М обвинето во повеќе предмети на СЈО од Основниот суд Скопје 1  информираме дека Кривичниот совет при овој суд воопшто не постапувал по барање за укинување на мерката за претпазливост на посоченото лице и оти информациите пуштени во јавност се апсолутно неточни, појаснуваат за МИА од Основниот суд Скоје 1.

Инаку, некои од медиумите објавија дека на поранешниот директор на контраразузнавањето Мијалков му е вратен пасошот.

Коментари

Популарно