Значително поевтинување на нафтата

Ако продолжи трендот на намалување на цените на суровата нафта на светските берзи, извесно е дека во втората недела од ноември ќе има ново значително поевтинување на нафетните деривати во малопродажба.

Само од понеделникот до денеска цената на суровата нафта на берзата во Лондон е пониска за 3 долари а во однос на просечната цена врз основа на која регулаторот ја формираше цената, за дури 6 долари.

Од вторник, во Македонија се возат горива за пониски цени и тоа бензините за 3 односно 3,5 денари, а дизелот за 1,5 денари.

БС 95 - 71,5 ден.

БС 98 - 73 ден.

Дизел  - 67,5 ден.

Коментари

Популарно