Значително поевтинување на нафтата

Ако продолжи трендот на намалување на цените на суровата нафта на светските берзи, извесно е дека во втората недела од ноември ќе има ново значително поевтинување на нафетните деривати во малопродажба.

Само од понеделникот до денеска цената на суровата нафта на берзата во Лондон е пониска за 3 долари а во однос на просечната цена врз основа на која регулаторот ја формираше цената, за дури 6 долари.

Од вторник, во Македонија се возат горива за пониски цени и тоа бензините за 3 односно 3,5 денари, а дизелот за 1,5 денари.

БС 95 - 71,5 ден.

БС 98 - 73 ден.

Дизел  - 67,5 ден.

Поскапеа горивата - ова се новите цени!

Регулаторна комисија за енергетика ја донесе одлуката за нови цени на бензините.

Со денешната одлука на Регултароната комисија за енергитка, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 7,41%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 08.01.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,00 ден/лит.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 3,50 ден/лит, односно за 4,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 08.01.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 58,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 47,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 3,573 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 08.01.2019 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 29,522 ден/кг.

Регулаторна со нова одлука: Полнете резервоарите пред полноќ!

Регулаторна комисија за енергетика пред две недели ги соопшти новите цени на горивата, кои поевтинија, сега на ред е ново утврдување на цените.

Денес напладне се очекува да ја соопшти новата одлука за цените.

Доколку се земат во предвид движењата на берзите на светско ниво горивата можеби ќе поскапат.

Од вторникот на 8 јануари, кога и се креираа актуелните цени до денеска, барел сурова нафта на лондонската берза е поскап за околу 3 долари и повторно е над границата од 60 долари.

Вработување на царина - плата 40.000 денари!

Царинската управа на РМ објави оглас за вработување на 78 извршители на определено време до крајот на тековната фискална година, а како главна причина за тоа е наведен привремено зголемен обем на работа до крајот на 2019 година.

Во огласот се бараат советници, цариници, виши цариници, кандидати за началник на Одделение кабинет на директор во Царинска управа, инспектор со мобилен скенер, шеф на служба за проекти во Одделение за меѓународна соработка и за други работни места.

Основната нето плата за работно место началник на одделение е 39.899 денари, за шеф на служба е 34.067 денари, за водител на смена е 33.432 денари, за самостоен советник е 32.401 денари, за советник е 30.724 денари, за виш цариник е 31.053 денари, за работно место цариник е 22.887 денари, за администартивен оператор е 24.060 денари и за наплатувач е 16.571 денари.

Популарно