Американка отишла на операција на носот во Мексико, но животот ѝ се претворил во пекол...

Девојка вработена во агенција за недвижности од Далас, моментално е во тешка здравствена состојба поради оштетување на мозокот.

Таа сега е поврзана на апарати за дишење, откако била во Мексико на операција на носот, бидејќи таму трошоците се значително помали, во споредба со САД. Просечната операција од овој тип, чини околу 7.500 долари, а во Мексико чини само една третина од наведената сума.

Вереникот на Авила Лаура, Енрике Круз, заминал заедно со неа на операција и бил покрај неа кога започнал процесот.

Сè тргнало наопаку уште на самиот почеток, кога на девојката морале да ѝ стават анестезија во 'рбетот. Анестезијата ѝ стигнала до мозокот, наместо низ целото тело.

Тогаш престанало да работи и срцето, па лекарите морале да ја стават во вештачка кома, за да го запрат оштетувањето на мозокот. Нејзиниот вереник не бил запознаен целосно со ситуацијата.

„Бев многу загрижен кога не ми дозволија да ја видам“, рекол тој.

Лекарите прво му рекле дека ѝ паднал крвниот притисок и дека не можат да продолжат со операција.

Енџи Авила, рекла дека нејзината сестра Лаура одлучила да се оперира во Мексико, бидејќи трошоците биле значително помали.

Таа работела како агент за недвижности, но и како пејачка и танчерка. Несреќната девојка четири дена поминала во Мексико, а потоа ја префрлиле во болница во САД.

Најпрво ја одбиле три болници во САД, бидејќи не била осигурана. Нејзиното семејство имало проблеми со лекарите во Мексико, бидејќи немале доволно пари да го платат нејзиното лекување.

Кога конечно пристигнале во САД, мозокот на Лаура веќе бил мртов. Нејзината сестра рекла дека ова е страшна ситуација и дека таа повеќе никогаш нема да биде како порано.

Нејзиниот вереник рекол дека заедно поминале 10 години и дека таа секогаш ќе има посебно место во неговото срце.

Енџи Авила отворила страница со цел да собере пари за лекувањето на сестра ѝ. Досега собрале 70.000 долари, а потребни им се 150.00 долари.

Коментари

Популарно