ВИДЕО: Бугарската полиција му врти грб на Бојко Борисов

Синоќа во градот Перник, полицијата ги спушти шлемовите и штитовите во знак на солидарност со демонстрантите, кои протестираа пред зградата на општината, незадоволни од јавниот долг на Бугарија, енормно зголемените трошоци за живот (гориво, храна, електрична енергија), како и масовното иселување на младите

Еден час по започнување на протестите, жителите на бугарски Перник ја повикаа полицијата да се солидаризира со нив, и да ги остават шлемовите и штитовите.

Полицијата одговори на овие барања на граѓаните, и неколку минути откако започна протестот, ги одложија штитовите и шлемовите.

Во Бугарија во последната недела се одржуваат масовни протести во поголемиот број градови во земјата.

Коментари

Популарно