ВИДЕО: Скандал за кој се молчи 30 години

Иако нашиве простори не се оперирани од скандали, напротив, ретко кога успевало толку долго да се премолчи скандал во кој се замешани луѓе од калибарот на ултрпопуларните Неда Украден и Лепа Брена.

Пред точно 30 години на „Југовизија", избор на песна која ќе ја претставува Југославија на Евровизија, сосема неочекувано победи Дорис Драговиќ.

Пред самото финале на изборот Дорис ја напушта групата Море, со која требало да изведе песна на Слободан Ковачевиќ во титоградскиот РТВ центар. На крајот Дорис настапи за ТВ Загреб со песната „Жељо моја" на Зринко Тутиќ.

Како фаворити истата година се спомнуваа Неда Украден и Лепа Брена. Телевизија Загреб не ѝ даде ниту еден глас на Неда, поради, како што се пишувало тогаш, „големото влијание на Југотон", којшто пејачката го напуштила и преминала во „Дискотон". Но, во пресретн на финалето, Неда и Брена веќе ги прославувале потенцијалните победи на изборот. Тоа фрлило дамка на „Југовизија", почнало да се зборува дека изборот е наместен и дека победата ѝ е предодредена на Неда.

Вистината за ова и денденес се крие, но очигледно е дена после сѐ што се случи во овие простори по годините, оваа дамка избледела и е заборавена.

Коментари

Популарно