ВИДЕО: Србија затрупана во снег и до половина метар

Последните 24 часа речиси без престан паѓа снег во Србија, а висината на снежната покривка некаде изнесува и над половина метар. Сообраќајот се одвива отежнато, а многу траси на автобусите се измените поради снежните наноси и сообраќајките на автопатиштата.

Снежната покривка во Нови Сад е 58 сантиметри, а во Белград 28 сантиметри, но се очекува зголемување на снежните наноси со оглед дека е најавено да продолжат врнежите и во текот на викендот.


Коментари

Популарно