Дали е ова најголемата порција со ќебапи?

По повод одбележувањето на денот на општина Травник неодамна беше направена најголемата порција на ќебапи во БиХ. Порцијата содржела 2160 парчиња во лепиње од метар и половина.Оваа држава е позната по многу свои традиционални јадења низ светот, меѓутоа земјата ги нема брендирано како што го направија тоа Хрватска и Словенија кои во своите понуди ги имаат  Босанските ќебапи.

Понатаму Босанските експерти за храна наведуваат дека ќебапите се наоѓаат на врвот на омилена храна низ светот, тоа е потврдено и од интернет страницата "TasteAtlas-World food atlas"каде  ќебапите високо котираат.

Предноста на заштита на автохтоноста на производите е голема, поради фактот дека географската ознака на производите дополнително ја зголемуваат вредноста на производите. Понатаму се наведува дека БиХ мора  да пристапи кон процес на брендирање на дел од своите производи, во спротивно тоа може некој друг да го направи.

Коментари

Популарно