Снегот се враќа во Македонија!

Под влијание на моќниот циклон КРИСТИЈАН под чие влијание е веќе подолго време нашата територија понатаму повторно во најголем дел од државава ќе услови нови врнежи од дожд додека локално ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилување на ветер но и услови за ретка појава на град и тоа особено попладне. На повисоките планини пак ќе има врнежи од снег со што ќе дојде до зголемување на веќе постоечката снежна покривка која се формираше во изминатите 24 часа и тоа особено во западните и во северозападните предели.

Локално ќе наврне позначително количество на воден талог и тоа над 20 л/м2.

Во текот на изминатите 24 часа пак најмногу дожд наврна во Маврово и тоа 18 л/м2 каде се забележани и послаби врнежи од снег но и се формираше тенка снежна покривка, во Пожаране пак наврнаа 12 л/м2.

Особено свежо ќе биде во текот на денешниот ден кога ќе дува и слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет, максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.

Нестабилното време според најновите анализи ќе продолжи и во текот на оваа недела.

Подготви: Славчо Попоски

Коментари

Популарно