Затворени гласачките кутии

Во 19 часот се затворија гласачките места, на кои граѓаните од 7 часот наутро гласаа за градоначалници и за советници на шестите локални избори. По затворањето на 2.976 гласачки места, можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.

1.743.403 избирачи можеа да избираат градоначалници и советници во 80 општини и во Градот Скопје, меѓу 350 кандидати за градоначалници и 480 листи за советници. На правото на глас можеа да го остварат

Според последните податоци што ги објави ДИК, одѕивот до 17 часот беше 57,57 отсто односно на гласање излегле 1.001.753 граѓани.

Записниците и другиот изборен материјал избирачките одбори го доставуваат до ОИК во рок од пет часа по завршувањето на гласањето.

Коментари

Популарно