Видео:Сведоштво на пациент кој не верувал во вирусот

Заир Селмани од Куманово верува во бог, ама сега верува и во докторите, кои му го спасиле животот откако се разболел од Ковид-19. Пред две недели, кога со Брза помош го носеле кон Инфективната клиника и стигнал на интензивна нега, бил 99% мртов, вели Селмани за камерата на „Телма“, кому снимката при приемот му покажала дека му се опфатени 90% од белите дробови.

Три деца го чекаат дома, раскажува низ солзи, и признава дека и тој бил еден од оние кои не верувале во вирусот. Сега неговата порака е сосема спротивната; порачува сите да носат маски и да не излегуваат без нив и да ги почитуваат сите мерки и закони. Оние, пак, кои сепак ќе го фатат вирусот, можат да бидат сигурни дека докторите ќе направат сѐ што можат за нив, бидејќи тоа го прават за секој пациент, без исклучок, порачува Селмани.

Прилогот погледнете го во продолжение:

Извор: Телма.мк

Коментари

Популарно