Изборот за идниот Македонски подкастер започна- вие одлучувате кој ќе победи!

Трката за новиот поткастер започна. Учесниците ги снимија своите поткаст епизоди, а победникот односно најпопуларниот (најгледаниот) ќе добие можност да сними 12 епизоди кои ќе бидат изработени во Подкаст Студио МК и објавени на социјалните мрежи на ZaSe.mk.

Во рамките на проектот „Твоето мислење е важно“ поддржан од амбасадата на САД, успешно е завршена првата обука за млади поткастери во организација на здружението Медиум од Скопје. Обуката беше спроведена во период од 6 месеци, а учество зедоаа 11 кандидати кои што беа обучувани од врвни професионалци од областа на новинарството, телевизијата, радиото, маркетингот и социјалните медиуми. По завршувањето на теориските предавања и практичните вежби идните поткастери се стекнаа со техники за интервјуирање, јавно говорење.

Средношколците Мила и Марко во својот поткаст „Еко не Его“ со градоначалничката на градот Скопје Данела Арсовска зборуваа за тоа дали и колку е чист градот Скопје, за средношколските проблеми, јавниот превоз во главниот град, како и еколошките проблеми со кои сите се соочуваме. 
Подкастот можете да го погледнете на линкот подолу:

Михаела во студиото го имаше еден од најпопуларните политичари во Македонија, лидерот на Левица - Димитар Апасиев. Разговараа на многу интересни, но и контроверзни теми, како криминалот во државата, корупцијата, легализацијата на дрогата, социјализмот, а една од темите на кои најмногу се фокусираа беше моменталната состојба на образованието во Македонија.

Андреј во поткастот „Надвор од Теренот“ за гостин го имаше поранешниот македонски фудбалски  репрезентативец Баже Илијоски кој раскажа за неговата богата кариера, условите во кои тренирал, разликата меѓу Македонија и странство, а го состави и идеалниот македонски тим.
 

Марија и Дани заедно во поткастот „Your financial coach“ дискутираа на тема брзи кредити, а гости се стенд ап комичарот и актер Бојан Велевски, лајф коучот Жарко Костиќ и адвокатот Весна Дишлијовска. Се разговараше за тоа дали се штетни брзите кредити, кој се ги користи и дали треба да постојат или пак да се укинат. 

Бојан ‘Вчков во „ ‘Вчков поткаст“ за гостин го имаше еден од најуспешните македонски бодибилдери Тоше Зафиров. Разговараа за мотивацијата, правилниот начин на живот и како да се успее покрај сите пречки кои ги ствараат околината и конкуренцијата.
Подкастот можете да го погледнете на линкот подолу:

Поткастите се објавени на YouTube каналот ZaSe.mk, а вие гледајте, лајкнувајте, споделувајте и одлучете кој ќе биде следниот успешен млад поткастер. Победник ќе биде оној кој ќе има најмногу прегледи во период за 7 дена.

Коментари

Популарно