Марија Шерифовиќ ги напушта Ѕвездите на Гранд

Марија Шерифовиќ за кратко ќе го напушти местото во жирито на музичкото натпреварување Ѕвездите на Гранд, а нејзината позиција ќе ја заземе млада музичка ѕвезда.

Пејачката Сања Вучиќ во една епизода од Ѕвездите на Гранд ќе ја замени својата колешка Марија Шерифовиќ, која поради лични обврски беше спречена да се појави на снимање.

„Тоа е голема работа, чевлите на Марија се големи за пополнување, но јас ќе бидам многу објективна. Мислам дека ќе придонесам со некое мое мислење. Тоа е само за една емисија, мене ми е многу интересно. Мара брзо се враќа. Зборував со Марија, таа ми даде список со нејзините желби, како би сакала да оценувам“.

Коментари

Популарно