67-годишниот лекар во Скопје- го нашле избоден во автомобил

Доктор избоден со нож им подлегна на повредите. Веста за Телма утрово ја потврдија од Итната медицинска помош кои веднаш интервенирале по добиената пријава.

Убиениот лекар од Скопје имал 67 години и бил најден со најмалку 9 убоди и искрварен во неговиот автомобил во близина на паркот Железара. Полицијата потврди дека синоќа околу 23 часот, синовите го нашле лекарот во автомобилот откако почнале да го бараат бидејќи не се вратил дома.

Откако го нашле повикале Итна помош и се обиделе да стигнат до Ремедика, најблиската болничка установа. Кога Итната помош стигнала, лекарите не можеле да му помогнат на својот колега и констатирале смрт.

Лекарот имал ординација како матичен семеен лекар во поликлиниката Железара. Полицијата го истражува убиството.

Целосното соопштение на МВР:

На 21.03.2024 во 23.09 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопственото возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, на паркинг пред поранешната клиника Железара, со убодни рани по телото бил пронајден А.Т.(67) од Скопје. Според пријавеното, тој бил пронајден од неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коментари

Популарно