Македонија со убедлив пораз се враќа од Фарски Острови

Ракометарите на Македонија убедливо загубија на гостувањето кај Фарски Острови со 34-27 (18-14), во рамките на првиот дуел од бараж двомечот за пласман на Светското првенство. Нашите ракометари доста грешеа и немаа решение за полетната игра на Фараните кои пред полните трибини на малата сала „Холин а Халси“ дојдоа до круцијален триумф. Едно е сигурно, Македонија ќе има пеколно тешка задача да се избори за одржување на континуиетот на големите собири, бидејќи се враќа во Скопје со висока негатива. 

Најдобар наш поединец беше Филип Кузмановски кој даде осум гола, додека по пет имаа Марко Митев и Никола Костески, а Лазаревски запре на четирите од првиот дел. Македонските дефанзивци немаа решение за Елиас Елефсен а Скипаготи кој даде десет погодоци. Што се однесува до голманите, Митревски имаше шест одбрани, а исто толку комбинираа и Фараните.

После мечот Кирил Лазаров изјави дека не губат надеж до последниот свиреж во недела и ја побара поддршката од публиката.

Реваншот е закажан за внедела во Борис Трајковски од 19:00 

Коментари

Популарно