ФОТО: Масовниот убиец во Србија

Станува збор за 60- годишниот Љубиша Богдановиќ кој усмрти 14 челенови од неговото семејтво и неколку соседи кои биле во роднинска врска со убиецот. Имено Љубиша бил мирен човек кој немал проблеми со законот така го опишуваат соседите.На полицијата сеуште не и е јасно како овој мирољубив човек стори вакво дело.

Како што наведе директорот на полицијата, Богдановиќ во деведесеттите години бил во војна во Славонија. Тој додаде дека убиецот имал дозвола за чување оружје која му била издадена во 1981 година, наведувајќи дека Љубиша и неговиот син минатата година останале без работа.

-Немал здравствен картон. Немаме евиденција дека се работи за човек којшто можел да направи вакво нешто. Сите велат дека тој бил нормален човек, но ние моментално ги проверуваме сите информации, додава Вељовиќ.

Тој додава дека неговите соседи истакнале оти Љубиша Богдановиќ никогаш не бил конфликтна личност и дека никој не знае што довело до оваа трагедија.

Според неофицијалните податоци, Богдановиќ пукал во себе дури откако видел дека пристигнала полицијата.

Портпаролот на итната помош, Нада Макура, вели дека според нејзини сознанија, убиецот не бил психички нестабилен, а според неофицијалните податоци неговиот татко и вујко од непознати причини извршиле самоубиство.

Почина и сопругата на убиецот од Србија

Почина уште една, 14-та жртва на масовното убиство, кое рано изутринава го извршил Љубиша Богдановиќ во селото Велика Иванча, оддалечено околу 15 километри од белградската општина Младеновац, изјавија претставници на белградската болница, јави Анадолија.

Според последните сознанија станува збор за сопругата на убиецот, Јаворка, која беше тешко ранета во масакрот.

Директорот на српската полиција, Милорад Вељовиќ претходно изјави дека 12 лица се убиени на самото место на инцидентот, а едно им подлегнало на повредите по приемот во Ургентиот центар во Белград. Лекарите се бореа за животот на Богдановиќ и неговата сопруга Јаворка, која исто така им подлегна на повредите.

Трагедија се случила кога Богдановиќ (60) со пиштол во неколку куќи убил шест мажи, шест жени и едно двегодишно момче, а потоа се обидел да се убие.

- Сите сме изненадени. Според првичните информации, кои ги имаме станува збор за нормално семејство и за лице без полициско досие. Имал дозвола за чување на пиштол цз 888 од 1981 година и знаеме дека учествувал во воените операции во Славонија во 1991 година. Сите други околности ги проверуваме, изјави Вељовиќ, кој заедно со други полициски службеници брзо пристигна на местото на трагедијата.

Вељовиќ истакна дека полицијата за масакрот ја информирала ранетата сопруга и оти сите жртви се поблиски и подалечни роднини на Богдановиќ.

На повикот реагирале две лекарки екипи, изјави дежурниот лекар од Брзата помош при Здравствениот дом во Младеновац др. Васиљ Жмико, наведувајќи дека повикот е направен рано изутирната околу 5:40 часот.

Сите жртви се убиени на ист начин, со пукање во лице или други делови на главата, најчесто на спиење, рече Вељовиќ, додавајќи дека други сведоци, освен жртвите немало.

Според некои српски телевизии Богдановиќ влегувал изутрината околу четири часот во дворовите на куќите на неговите соседи и пукал.

Според еден од соседите, Љубиша најпрво го убил синот Бранко (41) и пукал кон сопругата Јаворка, а потоа излегол од куќата и се упатил во смртоносниот поход, во кој направил масакр во четири соседни куќи во населбата, која се нарекува Превала. Заобиколил само две куќи во тоа место.

- Во куќата на семејството Стекиќ ги убил свекрвата и снаата, Даница и Драгана, а потоа во куќото на семејството Деспотовиќ ги убил Микаил и Милена, нивниот внук Горан, неговата 19-годишна сопруга и нивниот двегодишен син. Во следната куќа на семејството Мијаловиќ го убил брачниот пар Вељо и Олга, а потоа во куќата на семејството Јешиќ, ги убил мајката и синот, Љубина и Милош.

Полициската истрага е во тек.

Коментари

Популарно