Моќна магнетна бура ќе удри по Земјата!

Овој неверојатен феномен ќе можете да го видите само под ведро небо.

Моќна магнетна бура ќе ја погоди денеска земјата и ќе ја наруши работата на електронските уреди на некои делови од планетата, предупредија од универзитетот во англискиот град Рединг.

Според професорот Крис Деби својата кулминација бурата ќе ја достигне денеска во вечерните часови, а најсилните импулси на сончевиот ветер ќе бидат почувствувани од полноќ оваа вечер до три часот изутрината во недела.

Дел од таа маса има сопствено, моќно електромагнетно поле, кое ќе влезе во горните слоеви на атмосферата на земјата и нејзиното магнетно поле,како резултат на тоа ќе се појави светлина, која ќе може да се види од места, каде нема да биде облачно.

Коментари

Популарно