ВИДЕО: Америка во шок, Бостон во крв!!!

Улиците во Бостон се покриени со крв по бомбашкиот напад во кој во две експлозии загинаа најмалку три лица а десетици се повредени. Многу од луѓето кои се нашле во близина на експлозијата останале без екстремитети, а на местото владее хаотична состојба

На терен се полицијата и спасувачките служби кои повредените ги пренесоа во импровизиран медицински шатор. Во експлозиите 12 лица загинаа, а повредени се околу 30 лица во завршната линија 117-от маратон во Бостон (САД).

Информациите околу загинувањата и повредените лица полицијата потврди преку бостонскиот портал ВЦВБ.

Како се дошло до двете експлозии, сеуште се истражува. Првата експлозија се случила, откако победниците ја поминаа и завршната линија, и тоа на северната страна на улицата Бојлстон таман на самата цел на маратонот. Неколку секунди подоцна, се слушна и втората експлозија.

Од друга страна, Си-Ен-Ен пренесува дека експлозијата се случила само еден час откако победниците ја поминале целта, околу 14.25 ч. по локално време.

Натпреварувачката Лаура МекЛин од Торонто вели дека ги слушнала двете експлозии, додека била во медицинскиот шатор. Во натпреварот учествувале 17 илјади тркачи, додека повеќе од десетици илјади луѓе го следеле маратонот.

“Има луѓе кои се многу, многу ранети. Нив го носеа во медицинскиот шатор“, рекла таа.

Коментари

Популарно