Чеченија = Чешка?!?

Сакајки што побрзо да ги пренесат информациите, поедини американски медиуми потеклото на бостонските бомбаши наместо во Чеченија го лоцираа во Чешка. Оваа трагикомична ситуација зема толкави размери, што го принуди амбасадорот на Чешката Република во САД Петр Гандалович  да излезе пред медијумите и да им одржи час по географија на Американците.

Сочуствуваме со големата болка на Американците, но мораме да укажеме дека Чешка Република и Чеченија не се иста земја. Чешка се наоѓа во центрлна Европа а Чеченија е дел од Руската федерација.

Тој ја повтори пораката од претседателот Милош Земан упатена до Обама во која изразува сочувство и дава силна подршка во борбата против тероризмот.

Браќата од Чешка или од Чеченија Tamerlan i Džohar Carnajev

Коментари

Популарно