ЕКСЛУЗИВНА ГАЛЕРИЈА: Прошетка низ новиот театар во Скопје!

Изградбата на старо-новиот театар во Скопје и неговото опременување е во финалната фаза. На неговото примопредавање ќе се одигра и дел од претставата "Вечната куќа" по текст на Јордан Плевнеш со која свечено ќе биде отворена театарската сезона, на први септември.

Новата зграда на театарот ќе овозможи собршени перформанси, но и ќе биде првиот македоснки театарски музеј и ќе ја раскажува 100 годишната театарска приказна во Македонија. Посетителите ќе можат да се запознаат со историјата на македонскиот театар но, и да ги видат личните збирки на театарските легенди Прличко, Џувалековски, Бошкова, Шишков, Чашуле, Креља, Џундевска.., се до личните предмети на нашите актуелни актери и уметници.

Коментари

Популарно