ГАЛЕРИЈА: Постои пирамида на Водно?!

Фејсбук групата „Пирамида ВОДНО“ постиои само 14 дена и на неа се постувани фотографии, кои би требало да се докази за постоење на пирамида на скопската планина, Водно. Но самата Фејсбук страна нуди и други докази за постоењето на оваа пирамида.

Дека ова тврдење не е засновано само на визуелен доказ, потврдува и пронајдокот на домашните археолози на камената плоча во Жданец. Таму е констатирано погребување на четири воини, придружени со пар коњи, впрегнати во

кочија. Тогаш е поставена хипотезата дека се работи за жртвување на гарда пред влезот во гробницата на некој локален владетел, која сеуште не е откриена.

1. Локалитетот каде што е откопана камената плоча.

2.Тумулус-гробница

3.Претпоставка за влезот на целата комплекс на градби

За жал но и за среќа, дивите копачи веќе го намирисале овој локалитет, па може да се воочат диви откопувања. Позитивната страна на ова е дека веќе имаме црвсти докази за археолошки локалитет.

На сликава се претпоставува дека е откопан некој вид на жртвеник, но не се знае од кога датира.

Во последниве две декади, одреден број на ентузијасти пласираат многу хипотези и докази кои се косат со досегашните толкувања на модерната историја и археологија, и за жал менталитетот на поголемиот број на “мејнстрим” научниците е многу ригиден и без многу размислување ги отфрлаат овие “аматерски” хипотези. Таков е случајот со Самир Османагич и Босанската пирамида на Сонцето, која како што изминува времето се повеќе добива на научна тежина, или пак доказите на руските научници за египетските пирамиди и нивна демистификација.

Но едно е сигурно, доколку на Хајнрих Шлиман, човекот кој ја пронајде Троја, научната заедница му се исмеваше со децении за на крај постхумно да го признаат неговиот успех, тој период на исмевање во денешницата е многу пократок.

Коментари

Популарно