Полициска опасада кај „Бристол“, чуварите на паркот приведени

Полицијата ноќеска, два часа по полноќ интервенираше и го освои просторот пред хотелот во Бристол, локација каде што е планирана изградбата на административна зграда за Советот за радиодифузија.

bristol-policija-1

На локацијата веќе е донесена и градежна механизација, просторот е ограден, а неколкумината приведени, т.н. „паркобрани“ се во полициската станица „Пролеќе“. Меѓу приведените бил и директорот на ЈП паркинзи Центар, а веднаш по приведувањето во полициската станица биле и градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски и претседателот на Советот Мирослав Шиповиќ. Приведените подоцна се пуштени.

Група граѓани во знак на револт поради сечата на дрвјата на ова локација веќе подолг период се обидуваат да ја спречат изградбата на уште една административна зграда.

Коментари

Популарно