За 8300 евра Косово ја затвори границата кон Македонија

Околу  8300 евра, или 11.000 долари чини извозот на брашно минатата година од Косово во Макеоднија. Околу 22 тони брашно Македонија лани увезла од Косово, пресметал весникот Дневник, што претставува само 2% од вкупниот увоз кој земјава го прави на годишно ниво.

gflukjhlyfk

Со тоа, како што пишува весникот, паѓаат во вода оправдувањата на официјална Приштина дека причина за спуштањето на рампите и воведувањето на ембарго за македонските производи е воведената мерка од страна на македонската влада за условен откуп на брашно. Според Дневник, станува повеќе од јасно, дека мотивите за забраната за македонските производи на Косово се повеќе политички отколку економски.

Според математиките на весникот, за 11.000 долари, Косово спрчеува трговија вредна 400.000 милиони долари. Поголемиот дел од неа минатата година отпаднал на извозот на македонски производи на Косово.

Коментари

Популарно