Започнува судењето за киднапираното девојче Александра

Денеска ќе започне судскиот процес против пензионираниот судија  во Кривичниот суд во Скопје , Александар Бошњаковски кој се товари за киднапирање на својата внука Александра Бошњаковска.

58112

Откако Бошњаковски ја криел две години, Александра беше пронајдена пред една недела во такси- возило кај Маврови Анови. Со неа во возилото била и сопругата на пензионираниот судија, бабата Снежана. Кривични пријави си заработија дедото, бабата, таткото и чичкото на малото девојче. Тие се осомничени дека го грабнале девојчето од нејзината мајка Татјана, и ја криеле од неа две години иако нејзе и припаднало старателството врз девојчето.

Според полицијата, во јули 2011 година, додека Татјана Бошњаковска, екс сопругата на Стефан, била во Србија со нивната ќерка Александра, дошле таткото на Стефан, Александар, и неговиот брат Мартин и насилно, заканувајќи и се по живот и ја одзеле ќерката и ја донеле во Македонија.

Пред да биде приведен, поранешниот судија изјавуваше дека ја криел својата внука за да и обезбеди подобра иднина.

Коментари

Популарно