Што е тоа што го уби Дуле?

Вчера околу 11.00 часот во скопската клиника на интензивна нега почина познатиот македонски пејач Душан Љубисављевиќ од дуото „Дуле и Коки“.

dule2-554x320Според одредени медиуми причината е инфракт, но симптомите кои Дуле ги имал упатувале на тоа дека, како што пренесоа некои медиуми и информаат некои негови блиски пријатели, причината за неговата смрт е неколкумесечна борба со цироза на црниот дроб, за која многу малку луѓе знаеле.

Поради општата тешката состојба во која се наоѓал пејачот, вчера наутро неговите органи започнале да откажуваат, а околу 11.00 часот настапила и смрт поради откажување на работата на неговото срце.

Што е цироза?

Јетра… hepar , црн дроб или народски кажано џигер, пртеставува најголемата жлезда кој тежи кај возрасен од 1,5-2 кг и има околу 300 функции во телото , но најважната функција е чистење на токсините т.е. отровите од крвотокот, чистење на крвните зачепувања како и создавање на ензими за варење на храната.

Интересно е дека самиот црн дроб, ако се внимава, доаѓа до регенерација, односно има способност сам да се обнови, но со услов да не биде секогаш под напади на токсини и алкохол или инфекција, како hepatitis.

Ciroza_3

Цироза е болест на црниот дроб која се јавува како последица од оштетување на клетките во црниот дроб (хепатоцити). Вообичаено се јавува кај лица кои подолго време конзумираат алкохол во големи количини а црниот дроб не е способен да се ослободи брзо од тие штетни материи, и како последица на тоа се јавува оштетување на клетките кое води до цироза.

Ciroza_2

Во раните фази на развој на оваа болест, може да има појава на неколку зачестени напади на индигестија или расипан стомак, со повремена појава на гадење и повраќање. Може да се појави и абдоминална болка и губење на тежината на телото. Во поодмината фаза, кај пациентот се развива треска. Пациентот има лош здив, жолтеникав тен и проширени вени во пределот околу стомакот. Црвеникави влакна како белези, слични како мали пајачиња, а стомакот е надуен и отечен, умот станува помрачен, а се појавува и прокрвавување од стомакот.

Односно, цирозата доведува до општи промени на состојбата на организмот. Зголемен губиток на телесната тежина, чувство на замор и покачена телесна температура, чувство на тежина во желудникот и интолеранција на масти. Кожата на заболениот добива жолта боја, бидејки црниот дроб не може да го отстрани билирубинот. На лицето, градите и рацете се појавуваат црвени точкести дамки, со тенки крвни капилари во облик на пајажина (spider nevusi). На дланките се појавува црвенило (палмарен еритем).

Кај машките понекогаш доаѓа до атрофија на тестисите, гинекомастија (болно растење на градите), и намалување на влакнетоста. Кај потешките видови се јавува и силна болка во стомакот, која е воедно и знак дека има и инфекција, депресија и губиток на концентрацијата, и собирање на течност во абдоменот (асцит).

Асцит: Стомакот на пациентот приметно е надуен, а количината на измокрена урина се намалува, и има карактеристична темна боја. Стомакот е многу напнат и се зголемува се до максималната еластичност на кожата. Поради сето ова пациентот има и големи проблеми со дишењето.

ciroza_5

Долгата употреба на алкохол е најчестиот причинител на цирозата на црниот дроб кај возрасните. Болеста може да се развие во крајна фаза на хепатитичен пад доколку личноста не апстинира од алкохол. Слабата исхрана може да биде уште еден причинител во развој на цироза, а хроничниот алкохоличар вообичаено пати од неисхранетост. Цирозата исто така се појавува поради високо токсични услови на системот, генерално.

Изглед на заболен од цироза

Изразено слаби, особено нозете, највеке затоа што во предел на стомакот владее асцит, па се чини дека пациентот има голем стомак и изразено слаби нозе. Кожата поприма карактеристична боја, која варира од сива до смеѓа, а ако е присутна жолтица, тогаш пациентот има жолта боја на кожата. И кога не е присутна жолтица, се приметува жолта нијанса на очите кај овие болни.

Носот и образите попримаат карактеристична црвена боја, а на челото се појавуваат ситни црвени точки. Понекогаш точки се забележуваат и на дланките и табаните. Циротичарите често ја губат влакнетоста, особено во предел на пазувите.

Цирозата е НЕИЗЛЕЧЛИВА БОЛЕСТ која со правилна терапија може да се држи под контрола и оневозможи напредок на болеста. Целосно оздравување на пациентот од цироза имаме само со трансплатација на црниот дроб.

Ви претставуваме интересна видео анимација во која можете визуелно да разберете што всушност претставува цирозата.

Мактел

Коментари

Популарно