Поради временските услови откажана штафетата на Субата Рој

Поради временските услови најавената штафета на мирот, организаторот Сахара Групација ја откажува со оглед на тоа дека штафетата беше предвидено да ја носат и деца спортисти, пренесува Локално.мк

subrata2-540x368

Голем спектакуларен перформанс со танчари од Индија и од Македонија вечерва ќе се одржи по 23 часот на плоштадот Македонија во Скопје. За оваа цел од Индија доаѓаат танчари од светски познатото студио на Шајмак Давар.

„Сината боја за мир во светот“, ова е основниот мотив што следните два дена ќе биде присутен за време на одржувањето на Сахара Балканскиот мировен фестивал. На фестивалот присутни се гости од околните земји како и миротворци од европските земји, а како еден од главните говорници на мировниот самит ќе биде Тони Блер.

Утре следува и дебата за мирот организирана за невладиниот сектор, обраќањето на главните говорници на мировниот самит и доделувањето на награда за мир, како и свечената вечера во организација на Сахара Групацијата.

Коментари

Популарно