ФОТО: Новак го освои Пекинг, Надал повторно прв од понеделник !!!

По повеќе од сто недели поминати на првото место на АТП листата, Новак Ѓоковиќ од понеделник ќе биде симнат од првата позиција, без оглед на тоа што го освои турнирот во Пекинг.

Србинот Новак Ѓоковиќ од понеделник ќе биде на втората позиција, иако го победи својот најголем ривал, Шпанецот Рафаел Надал со 2:0 (6:3 , 6:4). Светскиот број еден доминираше во текот на целиот меч, и не му дозволуваше да го загрози неговиот сервис, го наметна своето темпо на игра и на крајот заслужено славеше.

Коментари

Популарно