Цвета проституцијата со познати и убави девојки во Скопје!

Најважно е да се знаете со „лицето за врска“, кое ќе ве однесе на патот кон добра забава со некоја убавица

escort-service-in-chandigarh-call-girls-service-mohali-09988555173_1Слободна ли си вечер, има еден за 200 евра? Да испиете неколку пијалаци и да му правиш друштво… човекот сака да се опушти. Вака приближно изгледа телефонскиот разговор со една „девојка за забава“, како што ги нарекуваат скапите убавици за една ноќ во Македонија. Ги викаат ескорт-дами или спонзоруши, но всушност станува збор за скриена проституција.

За странците, нашиот главен град е Мека и Медина кога станува збор за девојки за забава. Штом дојдат странци, бараат да им се обезбеди убавица со која ќе си поминат убаво. Но не само дојденците, туку и момците од земјава кои можат да си го дозволат ова „слатко задоволство“. Мета се мажи што се добро ситуирани, возат добар автомобил, носат скапа брендирана облека…

За да дојдете во контакт со девојка за придружба, или популарно „ескорт-дама“, не ви треба многу. Во Скопје веќе неколку познати фаци од градската шема имаат девојки на располагање токму за таа намена. Најважно е да се знаете со „лицето за врска“, кое ќе ве однесе на патот кон добра забава. По дефиниција овие дами се многу поскапи отколку оние на улица.

Ескорт-проституцијата многу често ја работат девојки што веќе имаат бекап, односно пристојна работа. Како девојки за придружба работат и девојки од естрадата.

- Кога ќе видите некоја од нив во град, дотерана од глава до петици, тешко дека ќе ви текне какво хоби има – велат извори кои инсистираа на анонимност, а знаат како функционира „бизнисот“.

Jennifer Thompson, escort girl-1326916Еве еден од примерите што ни го раскажаа.

- Луѓето беа од странство, бизнисмени од Турција, така барем можев да ги слушнам по разговорот. Некаде пред затворање на ресторанот им се приклучи и дамата. Уште кога пристигна, веќе ѝ беше јасно до кого треба да седне. Не помина 20 минути откако се смести, сите станаа, а остана таа со еден од бизнисмените. По десет минути си замина и таа со повозразниот човек – ни се довери извор.

Велат дека ваквите девојки често ги канат на приватни забави.

- Бев шокиран кога една девојка, со која лично се познавам и знам дека работи како службеничка, беше повикана на една приватна забава на која имаше неколку богати луѓе од земјава. Јас ја познавам многу добро. Секогаш добро облечена, дотерана, штотуку си купи нов автомобил и баш со помислив „браво за девојкава, сигурно добро заработува од својата плата“, но кога ја видов таа вечер, веќе ми стана јасно – вели еден познат музичар, кој свири на многу приватни забави и, нормално, не сакаше да се открие неговиот идентитет.

Дека оваа „хонорарна работа“ е толку многу распространета во земјава, покажува и фактот што дискотеките низ Скопје секогаш имаат ВИП-сепаре за овој тип дами, кои кога ќе излезат, имаат една намера – да „уловат“ нов плен за да им ја плати сметката, па на крајот од вечерта да ги однесе во некој добар хотел.

Хотелите што се наоѓаат надвор од градското централно подрачје во ноќните часови се полни со „гости“ кои изнајмуваат соба на неколку часа. Дури се зборува и дека постои листа со познати манекенки, пејачки, водителки, обични девојки кои може да ги изнајмите за една вечер. Цената се движи од 400 евра нагоре, за само два-три часа „работа“.

Телеграф.мк

Коментари

Популарно