Триесетдневен притвор за новинарот Зоран Божиновски

Новинарот Зоран Божиновски доби 30 дена екстрадиционен притвор. Божиновски кој вечра по меѓунарона потерница беше уапсен од српската полиција во Нови Сад, во Македонија се бара по меѓународна потерница, како еден од осомничените во случајот Шпион.

126709 (1)

Се очекува, Македонија веднаш да ја започне постапката за негова екстрадиција. По комплетирањето на документацијата, тој се очекува да биде префрлен во Македонија, каде обвинителството ќе се обиде да ја докаже неговата вина.

Осоничените во случајот Шпион беа уапсени на 16 септември. Полицијата приведе десетина лица и обезбеди документација според која обвинителството ќе му докажува на судот дека осомничените продавале сензитивни информации, обезбедувале компромитичарки материјали и им се заканувале на разни бизнисмени

Коментари

Популарно