Антиќ на клупа, Атланта победи

Перо Антиќ не истрча на теренот кај Атланта која ноќеска славеше победа на гостувањето против Шарлот со 103:94 (26:29; 20:25; 34:16; 23:24).

Paul George, Mike Conley

Решавачка за триумфот беше третата четвртина, во која соиграчите на Антиќ доминираа на теренот.

За Атланта во седмиот натпревар ова беше победа број 4 или за првпат сезонава имаат повеќе победи од порази.

Предводник на триумфот беше Ал Хорфорд со 24 поени, додека Џеф Тиг постигна 14 поени со 12 асиситенции.

Утревечер Атланта го пречекува Њујорк.

На другите натпревари одиграни ноќеска беа постигнати следниве резултати: Индијана - Мемфис 95:79, Филаделфија - Сан Антонио 85:109, Бостон - Орландо 120:105, Чикаго - Кливленд 96:81, Хјустон - Торонто 110:104 (две продолженија), Јута - Денвер 81:100, Портланд - Детроит 109:103 и ЛА Клиперс - Минесота 109:107.

Вечерва се играат четири натпревари: Мајами - Милвоки, Далас - Вашингтон, Голден Стејт - Детроит и ЛА Лејкерс - Њу Орлеанс.

Коментари

Популарно