Кои мажи плаќаат за секс?

cos-01-exchanging-money-de

Вака би изгледал просечниот корисник на сексуални услуги кој не се срами да плати за секс, покажува едно ново истражување чии резултати се објавени во магазинот "Journal of Offender Therapy and Comparative Criminology".

Резултатите од студијата која ја спроведи американскиот истражувачки центар за национално мислење, покажува дека за време на испитувањето 14% од мажите платиле за секс во одреден период од својот живот.

Означени како "хобисти" оние кои плаќаат за сексуалните услуги, овие мажи сметаат дека проституцијата треба да се легализира бидејќи светот полека станува по либерален кога сексот е во прашање.

Исто така тврдат дека жените кои нудат сексуални услуги уживаат во својата работа, исто така одредени испитаници би се ожениле со некоја проститутка. Кога во 1948 година е објавена, во тоа време скандалозна, студија кој покажала дека 69% од мажите плаќаат за секс, сите биле шокирани.

Сепак од последното истражување испитаниците кои плаќаат за секс се најчесто луѓе кои се вклучени во криминални дела, со криминално минато, вклучувајќи затвореници, луѓе кои силувале итн.

Коментари

Популарно