Дожд и снег денеска и утре

il_340x270.517181260_eek3Денеска е понеделник, 336 ден во 2013 година. До крајот на годината остануваат уште 29 дена.

Денот трае девет часа и 22 минути.

Во Скопје Сонцето изгрева во шест часот и 41 минута, а заоѓа во 16 часот и три минути.

Месечината изгрева во пет часот и 47 минути, а заоѓа во 15 часот и 49 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремен дожд, а на планините снег. Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од нула до пет, а дневната од еден до седум степени.

Во Скопје и околината слично време, претежно облачно со повремен дожд и со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до четири степени.

До вторник ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините врнежите ќе бидат од снег.

Од среда времето ќе биде сончево и повторно со негативни утрински температури.

Коментари

Популарно