Почина Нелсон Мандела

Нашата нација го изгуби својот најголем син со овие зборови претседателот на јужноафриканската република Џејкоб Зума соопшти дека починал Нелсон Мандела .Имаше 95 години .

vila-vodno-26-

Пред само три месеци беше отпуштен по болница поради сериозна белодробна инфекција.

Мандела помина 27 години затвор поради својата борба против апартхејдот , но во историјата се запиша како првиот црн јужноафрикански претседател кој го посвети својот живот за да го заработи мирот.

Во ЈАР е прогласена ден на жалост знамињата се симнати на половина копје. Но не само во јужна африка туку и во Велика Британија. Тој направи повеќе од што може да се очекува да стори човек за еден живот рече Обама. Мандела ќе биде закопан со сите државни почести.

Мандела кој уште како студент се приклучува на африканскиот национален конгрес ,набрзо застанува на чело на организација која се бореше за првата на мнозинското црно население во Јужна Африка. „Јас се борам за првата на луѓето во Јужна Африка и против доминацијата на белите и против доминацијата на црнците и затоа сум подготвен да загинам“- овие негови зборови изречени пред судот ќе одекнуваат години потоа , а неговото долгоодишно робување ќе стана симбол на борбата против апартхејдот.

Цел свет ќе го крене својот глас за слобода на Мандела– се организираа концерти кои масовно беа посетувани а песните посветени на Мандела беа хитови на цели генерации

Од затвор ќе излезе во 1990 та и со тогашниот јужноафрикански претседател Фредерик де Клерк ќе ги започне преговорите за мирно завршување на апартхејдот и поделба на власта. Мандела и Де Клерк во 1993 ке бидат закитени со Нобеловата награда за мир.Една година подоцна во 94 та партијата на Мандела ќе победи на изборите, а тој ќе биде прогласен за првиот црн претседател на Јужна Африка.

Неговата политика на национално помирување и верност кон демократските институции го овековечија Мадиба како што беше познат во Јужна Африка за икона која го инспираше светот .

Коментари

Популарно