Магла на патиштата низ Македонија !!!

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во државата се одвива тековно по наместа влажни коловози, соопшти Македонија пат.

Намалена видливост поради магла има на патните правци Тетово-Попова Шапка и Велес-Скопје каде видливоста е до 100 метри и на делницата Штип-Неготино со видливост од 20-30 метри.

Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Гостивар – Стража, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.

Коментари

Популарно