Баби и жаби = X Factor и македонштината

X Factor, очигледно сите пред телевизор, Кајмакоски на ред -го пее Тоше во српска варијанта, Кристина и Жељко се докажуваат кој повеќе знае и вториот во одбрана на неговиот избор како ментор поентира: „Ова е првпат македонците да го чујат својот фаворит како пее на мајчин јазик“.

Кајмакоски, што од возбуда, што за да не го стави во незгодна ситуација “мајсторот-ментор“, а и во брзање, не ја сфаќа ситуацијата и не го поправа.

Untitled

По пауза за реклами и првото обраќање на македонската водителка Снежана Велков, таа ја корегира грешката и потсетува дека на Даниел мајчин му е македонскиот јазик, а и самиот Жељко соочувајќи се со бурните реакции по социјалните мрежи се извинува за лапсусот, најавува дека Даниел допрва ќе пее на својот јазик и потсетува дека (ЕЈ!) Даниел штотуку одлично отпеа.

Е во тој интервал од петнаесетина минути помеѓу гафот на Жељко и исправката се кренаа сите ПАТРИОТИ. Како што најдобро умеат -на Твитер и Фејзбук. И има тука, закани за Жељко, да не доаѓа во Охрид, да не прави концерти, „УА НАЦИОНАЛИСТИ“, “Тито умре 80-та“… па природно, удри и по нашето: Даниел како молчел, зошто не се побунил… и ред досетки за интернет популаризам.

Не знам Жељко дали погрешил,  но знам дека за Даниел големите патриоти еднаш згрешија кога требаше да гласаат на “Охрид Фест“ и ова е редок случај да Македонец убедливо брилира, без никаква дискриминација од било кој, на регионален натпревар. Сосема заслужено.

Останува само да чекаме дали ќе се повтори историјата и Македонецот пак ќе го повлече секој што сака да успее надолу или можеби ќе порасне, ќе почне да верува во себе и своето, па нема да бара во се и сешто задни намери и закана за македонштината.

Фрустрациите политички за по дома, Даниел да го оставиме и натаму да пее.

Ф.А.

Коментари

Популарно