Дожд и снег на планините, за викендов...

2190659mavrovo2917fuДенеска е петок, 14 февруари, 45-от ден во 2014 година. До крајот на годината остануваат уште 320 ден.

Денот трае 10 часа и 30 минути.

Во Скопје Сонцето изгрева во шест часот и 33 минути, а заоѓа во 17 часот и три минути.

Месечината изгрева во 16 часот и 52 минути, а заоѓа во пет часот и 47 минути.

Временска прогноза

Времето претпладне во Македонија ќе биде облачно со слаб локален дожд, а на планините со слаб снег. Повеќе врнежи се очекува да има во западните делови на земјава. Ќе дува слаб, а во попладневните часови умерен ветер претежно од северен правец кој на повисоките места и на планините ќе се засилува, а повеќе ќе биде изразен долж Повардарието и во источните подрачја.

Утринската температура ќе се движи од минус три до три, а дневната од седум до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе се искачи до 10 степени.

Потоа следува период на стабилно, суво, пријатно и доста топло време за овој период од годината.

Коментари

Популарно