Владимир Путин „селфи“

UntitledПродорен поглед и блага насмевка, тоа е начинот на кој рускиот претседател Владимир Путин заведе голем број камери од смартфони во Сочи на Денот на вљубените.

Претседателот на Русија со голем ентузијазам позираше со спортистите и фановите при посетата на центарот за добредојде на спортистите од Канада и навивачите на Олимписките игри во Сочи.

Канадскиот спортист Хејли Викенхајлер на „Твитер“ објави дека Путин им посакал среќа на канадските спортисти во игрите, освен во хокеј.

Путин досега направи неколку ненајавени посети на Олимписките игри во Сочи, меѓу кои и посетата на американските спортисти.

Коментари

Популарно