Еве колави плати нудат странскиве инвеститори во Македонија

Кромберт и Шуберт од Битола бара работник за 8.800 денари; Џонсон Контролс од нуди плата од 9.000 до 15.000 денари но, за високообразувани кадри; Кемет Електроникс во Скопје нуди 20 илјади денари; Градски паркинзи од Долно Оризари во Битола – плата од 10.800 денари.

denari-1_011110-300x200

Не запираат огласите за вработување во Дрекселмаер за минимални плати. Од кавадаречки Дрекселмаер вчера објавија нови огласи со кои се бара секретар на друштво и хаусмајстор, а за двете работни позиции нуди плата од 8.050 денари.

Кромберт и Шуберт од Битола бара работник за 8.800 денари

И од компанијата „Кромбер и Шуберт“ од индустриската зона „Жабени“во Битола, објавија оглас со кој се бара електричар за одржување.

Огласот е објавен вчера, а трае до 24 февруари. Наведено е дека станува збор за новоотворено работно место, за определен период од три месеци. Се работи во три смени, 40 часа во неделата, а платата што се нуди е 8.800 денари.

Џонсон Контролс нуди плата од 9.000 до 15.000 денари но, за високообразувани кадри

Американската корпорација „Џонсон контролс “ за фабриката во Штип изминативе два дена објави три огласи за вработување. Нуди 9.000 денари плата за индустриски дизајнер и техничар за процесна автоматика. За двете работни позиции не е наведено дека се потребни посебни квалификации или образование. Индустриски дизајнер работи само прва смена од 8 до 16 часот , додека техничар за процесна автоматика работи во три смени. Основната плата е 9.000 денари. Двата огласи беа објавени вчера, а аплицирањето е до 24 февруари.

Ден претходно беше објавен оглас со кој компанијата бара сметководител, а нуди плата од 15.000 денари. Но за оваа позиција се бара високо стручно образование.

Кемет Електроникс во Скопје нуди 20 илјади денари... Прочитајте повеќе...

Коментари

Популарно