Римското дерби во Серија А

Во фудбалскиот шампионат на Италија викендов на програмата се  натпреварите од 12.коло кое го носи римското дерби Лацио – Рома. Овој дуел ќе се одигра утре на „Олимпико“ во терминот од 15 часот.

Колото започнува вечерва од 18 часот со средбата Каљари – Катанија, а од 20 часот и 45 минути ќе играт Пескара и Јувентус.

Утре покрај дербито меѓу Лацио и Рома, на програмата се и средбите: Палермо – Сампдорија, Киево – Удинезе, Џенова – Наполи, Милан – Фиорентина, Парма – Сиена, Торино – Болоња и Аталанта – Интер.

Табела: Јувентус 28, Интер 27, Наполи 23, Фиорентина 21, Лацио 19, Рома 17,

Коментари

Популарно