Најголемото балканско дерби: Вардар Про домаќин на Металург во СЕХА лигата

Македонските екипи во СЕХА лигата  Вардар Про и Металург денеска ќе го одиграат првиот официјален натпревар оваа сезона. Почетокот на натпреварот во СРЦ Кале во Скопје е во 17 часот и 45 минути.

Гостите од Автокоманда ќе настапат ослабени. Во составот на „металурзите“ поради повреди нема да бидат Наумче Мојсовски и Ванчо Димовски.

Двата македонски тима заслужија  епитетот, Најголемото балканско дерби, по ланското финале во СЕХА, пласманот на Металург во Топ 16 и импресивните настапи во ЛШ годинава.

Штета што мечот се игра во само една недела пред најтешкиот меч на Металург во ЛШ, односно две пред гостувањето на Вардар во Магдебург. Колку и да сакаат и Червар и Вујовиќ победа, сепак, сега мора да мислат на тоа што ги чека.

Коментари

Популарно