20 Март - поинаков ден од другите!

Во борбата со нашето секојдневие, опстанок и подобро утре, помалку или повеќе заборавивме на среќета. Затоа Светот реши на 20ти Март да се прославува денот на среќата. За и ние, овде во Македонија, Скопје до  почувствуваме дел од таа атмосфера ќе се погрижат невладината Лео Скопје и Лео Омниа. Еве што ни подготвуваат:

1981962_678110052252028_2012318430_n

„Светот ќе го прославува интернационалниот ден на среќата на 20ти март. Обединетите нации на собранието одржано на 28 јуни во 2012 година, го определија токму овој датум и за втор пат тој ќе се одбележи ширум планетата.

Заедно со Лео Омниа(а поддржани од Лајонс Алфа) организиравме одбележување и кај нас.Затоа, не заборавајте да поминете помеѓу 15:00 и 17:00 часот на плоштадот Македонија за да ви поделиме балончиња, ливчиња со пораки и уште многу мнооогу изненадувања.

Се надеваме на многу среќни фацки!“

Доколку саката да се информирате подобро и да бидете во тек, придружете им се на Facebook групата формирана за овој настан, ТУКА.

Испратено од Сара

Коментари

Популарно