Сите сакаат секс со Шарапова и Ивановиќ

Најновото истражување спроведено на тема – Со која тенисерка би сакале да поминете една ноќ?, даде очекувани резулати. Марија Шарапова е на првото место со дури 35 отсто од гласовите на анкетираните мажи. Веднаш зад неа е српската тенисерка Ана Ивановиќ е втора најпосакувана тенисерка за авантура, со 19 отсто.

download

Ќе се согласите дека воопшто не е изненадување кои две тенисерки се на првите две позиции во анкетата во која учествувале повеќе од шест илјади испитаници. Како фантазии на мажите следуваат Серена Вилијамс со 16 %, Каролина Вознијацки со 14 и Ежени Бушар со 11 отсто.

2

(ВИДЕО) 22 години од денот кога Кометал ја освои Лигата на шампионите

На денешен ден, пред дваесет и две години, секој Македонец беше горд и плачеше од радост, затоа што женскиот ракометен клуб Кометал Ѓорче Петров ја донесе првата европска титула во нашата земја, откако го крена престижниот пехар во Лигата на шампионите. На 19 мај, 2002 година, Кометалки во мечот за титула го совладаа Херц (26-22) и направија секој човек од нашата земја да слави, без разлика дали е вистински вљубеник во ракометната топка или пак не.

Се присетуваме на последните минути од финалниот натпревар:

Дел од тимот на Кометал Ѓорче Петров во финалето во „Кале“ беа Луминица Дину, Гордана Нацева, Индира Кастратовиќ, Оксана Плошчиска, Ирина Калиниченко, Анжела Платон, Милева Велкова, Олга Бујанова, Мирјана Чупиќ, Андријана Будимир, Лариса Ферзалиева, Ања Андрушченко, Наталија Малахова и Елена Златановска. 

Дваесет и две години подоцна, Македонија има ракометни тимови со кои се гордее. Ама енергијата која ја предизвика Кометал ЃП во нашата земја - засекогаш ќе се памети. Орото кое се виеше на „Македонско девојче“, како и скоковите од радост на „Кометал шампионе“, засекогаш ќе останат врежани длабоко во македонската спортска историја.

Вардар елиминаран од ракометниот куп

Купот на Македонија ќе добие нов владетел. Актуелниот првак Вардар 1961 во драматичен финиш загуби од Алкалоид (25-24) и така тимот на Кирил Лазаров ќе игра историско финале во второто натпреварување во нашата земја.

Дуелот меѓу двете екипи од Скопје беше крајно изедначен и драматичен. Вардар во последниот напад доби шанса од пенал да израмни и да гледаме пенали, но Галевски беше херојот на Алкалоид и го одбрани ударот на Срдановиќ.

Финалето од Купот на Македонија е закажано во недела од 19:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

Македонија со пресврт до ново Светско првенство!

Македонија одигра неверојатен натпревар и можеби го направи она што никој не го очекуваше. Во бараж-реваншот против Фарски Острови извојувавме голема победа од 34-26 и повторно ќе играме на еден голем ракометен собир.

Во перфектната атмосфера во СЦ „Борис Трајковски“ момците водени од Кирил Лазаров го оставија срцето на терен и со пресврт ја анулираа предноста на Фараните.

Жарко Пешевски беше перфектен од линијата за шест и имаше „осум од осум“, Филип Кузмановски даде седум гола, шест беа дело на Марко Митев, а пет на Мартин Серафимов. Иако голманите немаа свој ден, Митревски фати четири топки, но две во клучен момент од мечот. 

Популарно