Дознајте: Што е туларемија, каде ја има, како можете да се заразите?

Туларемијата е акутна заразна болест предизвикана од бактерија, од која заболуваат и луѓето и животните. Ова заболување припаѓа на групата зоонози – болести кои се пренесуваат од животни на човек, односно природно-огнишни инфекции – кога предизвикувачот е постојано присутен кај животните во одредени региони во природата. Болеста не се пренесува од човек на човек.

tularemija

Кој ја предизвикува болеста?

Болеста ја предизвикува бактерија, која е отпорна во надворешната средина и долго се одржува во: мршите на умрени животни, во сировите кожи, во почвата, во површинските води и прехрамбенте продукти. Отпорна е и долго преживува на ниски температури, додека високите температури брзо ја уништуваат. Од средствата за дезинфекција, бактериите се најчувствителни на хлорните препарати, кои најбрзо ги уништуваат, а осетливи се и на формалин, како и на 50% раствор на алкохол, кој ги уништува за 5 минути.

Како се пренесува болеста?

Туларемијата е примарно заболување на животните, пред сé голем број видови диви глодари, кои се резервоар и извор на болеста. Најзначајни се домашните и полските глувци, зајаците, стаорците, водените стаорци, вервериците, куните, како и волците, лисиците, диви свињи, елени, ежови и многу други животни. Домашните животни поретко заболуваат, а природна инфекција е утврдена кај овци, мачки, кучиња и свињи.

Во природата, заболувањето се шири меѓу глодарите и дивите животни најчесто преку крлежите и вошките кои паразитираат на нив, ама може да се пренесе и преку комарци, коњски муви, обади, како и преку загадени води и кал, во кои инфицираните глодари ги исфрлаат бактериите во надворешната средина преку мочта и изметот. Човекот може да се зарази од туларемија на сите можни начини, односно по сите познати епидемиолошки патишта на пренесување на болеста и тоа: Контакт – директен или индиректен.

Доволен е директен контакт на кожата или слузницата на човекот, особено ако е оштетена, со ткива, крв, моч, измет на заразени животни: при дерење, сечење на месо, подготвување на јадења од контаминирано месо, или само нивно допирање. Човекот се заразува при каснување од крлежи, вошки, обади, комарци, муви и др. инсекти кои се заразени со оваа бактерија. Преку загадена храна и вода (алиментарен пат) Инфекција настанува после пиење на загадена вода со измет, моч, пцовисани глодари, или после консумирање на контаминирана храна (недоволно печено/варено месо од зајак или други животни).

Се смета дека зајачкото месо може да остане заразно после замрзнување кое трае со месеци, па дури и неколку години, но температура од 60°Ц ја уништува бактеријата за 10 мин, а на 100°Ц бактериите угинуваат за неколку секунди. Преку дишните патишта – Заразувањето настанува со вдишување на прашина, која е контаминирана со бацили на туларемија (во лабораторија, на поле, при работа со сено, слама, жито и сл.)

Кој и кога може да заболи, дали болеста остава имунитет?

Најчесто заболуваат луѓето кои се изложени на поблиски контакти со глодари и диви животни и нивни продукти (професионална изложеност), како на пр: сточари, земјоделци, касапи, месари, шумари, полски работници, ветеринарни работници, ловци, кулинари кои подготвуваат храна од дивеч и домаќинки. Болеста кај луѓето обично се јавува со единечни случаи, но може да биде и во форма на епидемија. Секој може да заболи од туларемија, без оглед на полот, возраста, расата, верската припадност. Случаи на туларемија може да се јават во текот на целата година, сепак почесто се регистрираат во периодот на доцна пролет и лето. По прележување на болеста останува солиден имунитет, но времетраењето на истиот не е познато и постои можност за повторно заболување (реинфекција).

Каде ја има туларемијата?

Туларемијата е болест која е распространета на Северната земјина полутопка, како и мал дел од јужно-американскиот континент (Мексико и Венецуела). Првите случаи на заболување од туларемија кај луѓето во Македонија биле регистрирани во епидемијата на туларемија во с. Митрашинци, Беровско, во 1995 година. Во 2010 година, регистрирана е епидемија на туларемија во с. Врапчиште, Гостиварско. Во 2011 година пријавен е еден спорадичен случај на заболено лице од Скопје.

 

Кои се симптомите на заболувањето?

Во зависност од местото на влез на бактеријата во организмот на човекот, туларемијата може да се манифестира во неколку различни форми. Кај сите, после инкубација од 3-7 дена во просек, почетокот на болеста се карактеризира со: покачена температура, треска, потење, силни главоболки, болки во целото тело и општа слабост и малаксаност, црвено и болно грло. Болеста обично трае од 2 до 4 недели. Жлездана форма – најчесто се зафатени подвиличните и вратните лимфни јазли коиØ отекуваат, но нема кожни лезии. Отокот може да трае подолго време (со недели или месеци). Жлездите може да размекнат, да загнојат, при што настанува пробивање на кожата и долготрајно гноење. Улцеро-жлездана форма – се карактеризира со појава на воспаление на кожа илиØ слузокожа во вид на меурче кое пука и се отвара рана која тешко зараснува, со оток на регионална лимфни жлезди. Лимфните јазли некротизираат, за на крај да се формира Туларемија на окото – се јавува воспаление на слузницата на окото (црвенило иØлузна, но често можат и да загнојат, како кај жлезданата форма. солзење) и групи на ситни меурчиња, како и оток на регионалните лимфни жлезди. Ангинозна форма – се манифестира во вид на воспаление на усната слузница, грлото или крајниците, кои можат да некротизираат и д а остават длабокиØ дефекти, како и отекување на вратните лимфни жлезди. Белодробната форма – е примарно белодробно заболување, кое настанува соØ вдишување на причинителот (при лабораториска работа, работа со сено или слама во Цревна форма – се карактеризира со симптоми од страна на цревниот тракт – појава на болки во стомакот, повраќање, проливи.Øштали, амбари, на поле). Се манифестира како бронхит или бронхопневмонија. Тифоидна или генерализирана форма – висока температура, тешка општаØ интоксикација со тифозна состојба, оток на слезенката и исип по кожата.

Како се дијагностицира и лекува?

Дијагнозата на болеста се поставува врз база на микробиолошки тестови со различни методи. Болеста успешно се лекува со примена на антибиотици, како и симптоматска терапија. Прогнозата е добра и болеста завршува со излекување.

Како да се заштитите од туларемија?

1. Да се избегнува секаков контакт со глодари и нивни излачувања.

2. Да не се допираат диви животни во природата кои покажуваат знаци на болест – не бегаат од човекот, ниту нивните мртви тела.

3. Заштита од убоди од крлежи и други инсекти за време на престој во природа, со употреба на хемиски средства и репеленти, или друг вид на заштита (носење ракавици, чизми, заштитни маски и облека, импрегнирана облека со инсектицид). Ова особено се однесува на лицата кои заради природата на својата професија или заради рекреација почесто престојуваат во природа или ракуваат со животни и нивни продукти.

4 . Правилно чување на храната и нејзина заштита од контакт со глодари и инсекти.

5 . Да не се употребува за исхрана месо на дивеч (особено зајачко месо), ако е од сомнително потекло или ако се знае дека во моментот има болест кај животните.

6 . Задолжителна термичка обработка на месото од животни, особено од диви животни (печење, варење на висока температура над 70°, најмалку половина час).

7. Користење на здравствено исправна и безбедна вода за пиење од сигурен извор. Доколку не сте сигурни за исправноста на водата, користете флаширана вода или превривајте ја водата!

8. Избегнување на капење во води,за кои постои сомнение дека се загадени.

9. Здравствена едукација и информирање за болеста и начините на пренесување и превенција во надлежните Центри за јавно здравје.

10. Доколку имате симптоми на заболување и се сомневате дека се работи за туларемија, веднаш побарајте лекарска помош!

Тинејџер тешко повреден, со автомобил удрил во паркирано возило

На 30.04.2024 во 17.40 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на локалниот пат с.Ерџелија-с.Мустафино, патничко возило „опел“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од В.М.(18) од с.Мустафино, светиниколско, удрило во паркирано возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил В.М., констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.

Овој хороскопски знак дава само една шанса

Вагите се седмиот знак во Зодијакот, доаѓаат по Девиците и пред Скорпиите.

Вагите се наоѓаат помеѓу редот и хаосот и како да се обидуваат да балансираат помеѓу овие две работи. Затоа, овој знак може да биде неодлучен и тешко да носи одлуки.

Машките Ваги често привлекуваат подоминантни жени, кои не се плашат да ги преземат работите во свои раце. Вагите сакаат да зборуваат за врските, но и за своите чувства. 

Речиси секогаш ќе сакаат да разговараат и да прават нешто, особено нешто убаво, нешто уметничко и нешто каде ќе можат да се изразат себеси, ќе употребат многу работи, но не и зборови. Полето на зборовите сепак го оставаат на својот претходен глас, на соседната Девица. Врските се многу важни за овој знак, па често се чувствуваат најисполнето кога се во врска, брак или партнерство во кое има обострана љубов. Вагите имаат добро око за естетика и уредување простор, а ја ценат и уметноста.

Вагите се многу романтични и уживаат во интимните моменти. Оние кои ќе се заљубат во Вага, секако бараат идеален партнер. Тие сонуваат да имаат силни, амбициозни, исклучителни и успешни партнери. Уште еден совет: Вагите никако не толерираат агресивност и тензии. Попрво ќе седнат и ќе молчат, отколку да се расправаат. Немој да се трудите да ги вовлекувате во расправии. Исто така, никогаш немојте да ги изолирате Вагите од друштвото. Тие се едни од најдруштвените луѓе, иако претпочитаат помали и поинтимни групи. Луѓето во овој знак се гордеат со своите добри манири и уживаат со мала и одбрана група пријатели.

Вагите не го даваат лесно своето срце, но еднаш кога ќе го дадат, тоа обично трае засекогаш. Доколку сакате некој од овој хороскопски знак и тие ви ја возраќаат љубовта, вие сте исклучително среќни личности. Тие се многу чувствителни и внимавајте да не ги повредите. 

Вагите никогаш не се враќаат во минатото и не даваат втора шанса! Ако ви дадат шанса, искористете ја и не чекајте втора шанса, затоа што ќе добиете само една шанса!

Пронајдено 5-годишното девојче кое исчезна во парк Сарај

Пронајдено 5-годишното девојче кое исчезна во парк Сарај.

Од МВР информираа дека денеска околу 16:20 во паркот Сарај во Скопје исчезнало девојче на возраст од 5 години, а исчезнувањето во полиција го пријавила нејзина возрасна роднина.

Девојчето имало руса долга коса собрана во репче, облечена во розев фустан и розеви кондурчиња со чорапи.

Два часа подоцна поточно во 18:15 на ул.1 во Сарај поточно пред ТЦ-Сарај, од страна на случаен минувач пронајдено е исчезнатото дете Асија Халими.

Популарно