Љубовниот живот на Марко Јариќ е топ тема во медиумите изминатиот период. Откако се појавија фотографии од плажа во Мајами, на кои некогашниот кошаркар е во друштво на младата манекенка Душица Спасиќ, се појавиле шпекулации за новата романса.
Иако не сакал да ги коментира медиумските натписи, Јариќ се огласил на Твитер.
- Зарен нема поважни вести од тоа со кого Марко Јариќ оди на плажа. Мора навистина да имаш здодевен живот за такво нешто да те интересира - напишал поранешниот сопруг на Адриана Лима.