Боледувам од рак, а докторката ми ја бараше куќата за да ме лекува!

Радмила Мариќ (47) која боледува од рак го обвини онкологот Јасмина Недовиќ за корупција. Докторката пак ги обвинува роднините на пациентите.

271899-strashno-boleduvam-od-rak-a-doktorkata-mi-ja-barashe-kukjata-za-da-me-lekuva

-Вакво нешто не сум доживеала досега. Наместо да добијам медицинска помош која ми е најмногу потребна, или барем убав збор и насмевка јас бев избркана од болницата на најгруб начин и препуштена на божја волја - Бог да одлучи дали ќе преживеам или не! Ова е само почетокот на приказната на пензионерката Радмила Мариќ која боледува од карцином. Таа се лечи во домашни услови освен кога оди во болница за да прими хемотерамија. Кон средината на минатиот месец Радмила имала висока температура. Во саботата, на 16 мај Брза помош ја пренела до хирушкиот центар каде добила упат до клиниката за онкологија во Крагујевац.

-До толку бев изнемоштена по што морав да се движам во количка, а до клиниката ме донесоа пријатели бидејќи живеам сама. Таму ме пречека д-р Јасмина Недовиќ која ми рече "Баш денес ти се повраќа и тоа во ова време во сабота. И што ако не ти е добро, таква е болеста". Побарав инфузија со цел да застанам на нозе но докторката ми се изнасмеа во лице. Ми рече дека тие не се социјална институција. Без ронка срам ми кажа дека доколку и ја препишам куќата и пензијата ќе се грижи за мене. А ако не ми се допаѓало во оваа земја тогаш најдобро ќе биде да си заминам, исто како што брат и си заминал, додава болната Радмила. Проблемот се роднините!

Д-р Јасмина Недовиќ признала дека имало проблем но вината ја префрла на луѓето кои биле со Радмила.  -Радмила повраќаше. Ја прегледа хирург, и констатираше дека нема знакови на акутна болест како и дека случајот не е за хоспитализација. И беше препишан хигиенско-диетски режим за дома. Меѓутоа, лицата кои дојдоа со неа во болница инсистираа таа да биде хоспитализирана, истакнала Јасмина.

Англичаните воодушевени од стадионот во Белград: „Ова ќе биде едно од најдобрите места за играње фудбал“

Србите пред неколку дена и официјално започнаа со изградбата на новиот фудбалски стадион кој се наоѓа во околината на Белград. Сите беа воодушевени од проектот и како ќе изгледа стадионот кога ќе биде готов, а воодушевени се и англичаните кои имаат само пофални зборови.

„Србија го претстави проектот за новиот стадион. Фасцинантно изгледа ова технолошко ремек дело кое ќе биде опкружено со дрвја и зеленило. Србија планира величествен стадион и се насочува кон еколошки пристап и дизајн. Претседателот Александар Вучиќ рече дека ова ќе биде едно од трите најубави места во светот на кои ќе се игра фудбал.“ – се вели во текстот на британскиот „Дејли мејл“.

Изградбата на стадионот ќе чини 257 милиони евра, а ќе има капацитет од 52.000 гледачи. Планирано е изградбата да заврши до крајот на 2026-тата година, а Белград и новиот стадион ќе бидат домаќини на финалето од Лигата на Европа во 2028-мата година.

(Видео) Белград: Годишнина од масовното убиство во „Рибникар“

На денешен ден пред една година настана трагедијата во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград, кога Коста Кецмановиќ вооружен со пиштолот на татко му уби девет ученици и чуварот на училиштето, а рани уште неколку.

На местото на трагедијата пристигнуваат се повеќе луѓе за да им оддадат почит на жртвите. Први пристигнале членовите на семејствата на убиените деца, а глетката пред училишната зграда никого не остава рамнодушен, објавија српските медиуми.

На посебно плато пред училиштето, каде се поставени фотографиите и имињата на убиените деца и чуварот, се оставаат цвеќиња и се палат свеќи.

И претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утрово положи цвеќе во ОУ „Владислав Рибникар“.

„Помина една година од невидената трагедија која остави неизбришлива лузна на душата на целата земја, но болката, неверувањето и неизмерната тага не поминаа“, рече Вучиќ.

На 3 мај минатата година Коста дошол вооружен во училиштето и од влезната врата го започнал својот крвав поход, во кој животот го загубија девет деца и чуварот.

Откако го извршил масакрот повикал полиција и пријавил што направил.

Веднаш по трагедијата се одржа вонредна конференција на српското Министерство за внатрешни работи, на која беа соопштени деталите за она што се случи во училиштето „Владислав Рибникар“.

„Повикот дојде во 8 часот и 42 минути наутро, две минути по пријавувањето на случајот во полиција од страна на заменик директорот на ова училиште“, изјави началникот на белградската полиција Веселин Милиќ.

На таа конференција Милиќ изјави и дека К.К. еден месец го планирал злосторството. Тој го покажа и списокот што полицијата го пронашла во станот на момчето убиец, на кој биле испишани имињата на учениците кои планирал да ги убие.

Дополнително, како што тогаш беше кажано од највисоките функционери на српската полиција, К.К. имал и прецизен план на училиштето, со означен влез и излез.

Поради делото, Коста е во болница, а против татко му и мајка му, Владимир и Миљана Кецмановиќ во меѓувреме е покренато обвинение, со оглед на тоа што момчето-убиец во моментот на делото имало 13 години и затоа не е кривично одговорен.

Вишото јавно обвинителство во Белград соопшти дека обвинетиот Владимир Кецмановиќ во периодот пред трагедијата го научил својот син да пука во цели во форма на концентрични кругови и силуети на луѓе, да стои и да дише кога користи огнено оружје.

Против семејството Кецмановиќ се водат три граѓански постапки, а поднесени се вкупно пет тужби, меѓу кои и една кривична.


Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Популарно