Денеска во 17 часот, „Шарената револуција“ најави протест во знак на подршка за СЈО пред собранието на Македонија во Скопје.
Вчера министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека Министерство за внатрешни работи, без оглед кој протестира, треба да го одржува јавниот ред и мир и нормално треба да се почитува правото на протест, а полицијата треба професионално да си ја врши работа.
„Очекувам дека професионално и до крај посветено ќе си одговорат на задачата сите професионални во МВР кои ќе бидат на обезбедување на овој протест“, рече министерот Спасовски.