ХОРОР ВО ХРВАТСКА: Момче (5) изело јајце заразено со салмонела и УМРЕЛО, неговите сестри се борат за живот!

Сиромашното петчлено семејство Видовиќ од Брегана се заразило со салмонела од јајца увезени од Полска, а родителите на малиот Мирко, Предраг и Босиљка, и двете мали сестри во критична состојба се пренесени во болница.

ambulance-pixa2

Кога Итната помош дошла во куќата на Видовиќ можела само да констатира смрт кај несреќното момче. Соседите велат дека родителите го нашле мртво во креветот.

Кај децата била докажана салмонела, а за родителите се уште се чекаат наоди.

Салмонела била изолирана од јајцата пронајдени во куќата на Видовиќи.

Неофицијално се дознава дека несреќните луѓе ги купиле јајцата во „еден голем трговски ланец“, а наводно се увезени од Полска. Некое време стоеле на полиците, па се стравува дека ќе се појават уште луѓе заразени со салмонела.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно