Фановите бесни: Адил го откажа настапот во Скопје поради можни немири

Адил Максутовиќ во петок требаше да настапи во Скопје, но српскиот пејач го откажа настапот.

Според официјланиот профил на Адил, тој не доаѓа во Македонија поради некаква вонредна состојба и можност за немири во нашата земја.

Тој на Фејсбук напиша:

„Поради можни немири и вонредна состојба во Македонија, настапот на Адил за 23.12.2016 во Скопје се одложува од страна на организаторот. За новиот термин ќе бидете дополнително известени. Срдечен поздрав. Адил Максутовиќ“.

По неговата изјава, пејачот буквално беше нападнат од страна на македоските фанови кои му порачаа да не создава тензии и да не шири дезинформации и лаги.

ВИДЕО: Трагичната приказна зад победничката песна на Евровизија

Победникот на Евровизија 2019 година, Холанѓанецот Данкан Лоренс ги воодушеви сите со својата песна и настап на шоуто во Тел Авив, Израел.

Песната разбуди емоции кај фановите и според многумина победата била заслужена.

Сепак 25 годишниот пејач за британскиот весник „Сан“ открива дека мотивот за оваа песна доаѓа од големата трагедија која ја има преживеано.

– Ме инспирираше прераната смрт на личноста која ја сакав – вели Данкан, кој не сакаше да изнесе повеќе детали околу љубовната трагедија, освен да спомене дека станува збор за загуба на рана возраст.

-„Аркада“ е приказна за трагична љубов на мојот живот. Таа претставува надеж за достигнување на нешто што понекогаш и не е возможно – додава Лоренс.

Дали Македонците во Австралија и Америка можеа да гласаат за Тамара?

Резултатите од телефонското гласање на финалната вечер на Евровизија отворија вистинска „војна“ на социјалните мрежи околу тоа дали успехот на Тамара Тодевска ќе беше комплетен доколку нашите од дијаспората гласале – во поголем број – за нашиот претставник.

Од листингот кој излезе по гласањето се виде дека освен во Србија и Словенија, Македонците во останатите Европски држави биле малку заинтересирани да го поддржат нашиот претставник.

Истовремено по социјалните мрежи се развија дијалози и дилеми зошто нема ниту еден глас од нашинците во Австралија, Америка, Канада.

Многу едноставно. Ова е Евросонг и граѓаните на овие држави немаа право на глас.

Иако Австралија учествуваше како гостин, сепак, немаше стручно жири кое се јави од оваа држава за да даде гласови за останатите земји. Слично е и со телефонско гласање, кое таму го немаше.

Австралија на Евровизија настапува како гостин, па дури и да победеше, следниот Евросонг немаше да се одржува во оваа прекуокеанска земја, туку во некоја од Европските.

Сара Мејс: Како бе вака жено!

Македонската пејачка  Сара Мејс, не можеше да ја толерира изведбата на поп-каралицата Мадона која беше специјална гостинка на Евровизија во Тел Авив.

Сара на својот профил на Фејсбук напиша коментар посветен токму на настапот на големата музичка ѕвезда и икона.

-Срцебиење имам колку е ниска (интонативно). Мадона, како бе вака жено! – го коментираше Сара настапот на Мадона, но тука не запре со коментарите, бидејќи веројатно не беше задоволна од финалниот резултат и настанот генерално, па се надополни.

-Евровизијо, бруко една! Уа!- пишува Сара Мејс на што доби многу лајкови од своите следбеници, пријатели, обожаватели и секако гледачи на големиот европски музички спектакл.

Инаку, настапот на Мадона крена голема прашина на социјалните мрежи и медиумите, а повеќето ја критикуваа нејзината вокалната изведба, но можеби заборавија дека таа е шоумен на сцената која најчесто има мисија да прати порака, а не да се покаже колку добро пее.

Популарно