КРАЛОТ СЕ ВРАТИ: Федерер е најдобриот во историјата на тенисот!

Епко финале во Мелбурн. Повеќе од три и пол часа драматична борба, со многу пресврти и возбудувања, Роже Федерер и Рафаел Надал на љубителите на тенисот им приредија уживање во финалето на Австралија опен.

На крајот, 35-годишниот Швајцарец го освои 18. грен слем во кариерата, од кои петта во Мелбурн и така ја помести „границата на сонот“ по бројот на најмногу трофеи во овој спорт – 3:2 во сетови 6:4, 3:6, 6:1, 3:6, 6:3.

Она што неговиот триумф го прави импресивен, е дека во петтиот сет успеа да го врати брејкот, а во последниот гем спаси две брејк топли кои ги имаше Шпанецот и така по којзнае кој пат во кариерата докажа дека е најдобар која е најважно.

Федерер покажа дека е најдобар на сите времиња и ни го покажа неговото магично враќање и еден од најубавите пресврти во историјата на белиот спорт.

А, во прилог на ова тврдење погледнете како на Твитер профилот на Австралија опен е запишан триумфот на Федерер.

„Дами и господо, кралот се врати“!

Митревски блескаше на голот во португалското дерби

Македонскиот голман повторно блескаше во дресот на Порто кој триумфираше на гостински терен во дербито на португалското ракометно првенство против Спортинг со 37:35.

Нашиот чувар на мрежата придонесе во победата со девет одбрани.

На табелата Спортинг има 40 бодови, пред Порто со 38, следуваат Бенфика (34) и Брага (28).

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Лазаров доби нов помошник во репрезентацијата

Поранешниот репрезентативец Стојанче Стоилов ќе биде дел од стручниот штаб на машката репрезентација на Македонија.

Тој и претходно беше дел во неколку наврати од подготовките на националниот тим откако ја заврши репрезентативната кариера, но сега ќе биде во улога на асистент.

Ова е четврти екс репрезентативец кој влегува во стручниот штаб на селекторот Кире Лазаров по Бранко Ангеловски, Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.

Машката репрезентација ја очекува двомеч со Фарски Острови за пласман на СП 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Првиот натпревар се игра во Торшавн на 8 мај од 20:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 12 мај од 19:00 часот

Популарно